Најмалку 90 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Сомалија утрово, пренесува Спутник.
Бројот најверојатно ќе се зголеми бидејќи повредени се повеќе од 60 лица кои се пренесени во болница.
Ова е еден од најсмртоносните напади во главниот град на Сомалија, Могадишу, а меѓу повредените има деца и студенти.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот. Сепак, во оваа област, ваквите напади се карактеристични за ал-Шабаб, организација поврзана со Ал Каеда.




