Новинарот Ивор Мицковски на Фејсбук зсподели свое размислување за предлогот на Владата за иден македонски амбасадор во Кина за што се споменува името на оџата Џемаил Чупи.
„Да им пратиш на Кинезите како амбасадор муслимански свештеник, прво значи дека не разбираш ништо за Кина во моментов, второ дека не ти е гајле, трето испраќајки некој без дипломатско искуство е еднакво на навреда.
Кина, еј Кина, идната и актуелна светска сила.
Член на Совет за безбедност.
Притоа сме земја која веќе ги навреди и понижи со Тајван.
Како работите вие за нашите интереси, не е наш интерес вака да се однесуваме, макар и се мислеле за американски протекторат“, вели Мицковски.





