Села: Нема да трчаме по тој што ќе ги добие изборите


„Ние ќе одиме во коалиција со тој политички субјект кој ја прифаќа Програмата на Алијанса за Албанците и комотни позиции немам намера да му создадам на ниту еден политички субјект во македонскиот политички блок. Дали сум јасен?!“, порача лидерот на Алијансата на Албанците Зијаден Села.



Во синоќешнопто гостување на Алсат М, Села изјави дека е свесен дека неговата партија нема да биде биде победник на изборите:

„Доколку ние добиеме мандат, ќе треба да трчаме по врати за да бараме коалициски партнери за да направиме мнозинство, но мандатот нема да го добиеме ние, ние сме свесни дека нема да добиеме 50 пратеници.

Од друга страна, ние се разликуваме од другите албански партии досега кои трчаа по тој што добива мандат за формирање Влада. Ние немаме намера да трчаме по тој што ќе ги добие изборите…

Околу Законот за јазиците и можноста за коалицирање Села рече?

„. Да не ни помисли некој да дојде кај мене и да бара од мене да се измени Законот за јазици. Ние сме одговориле во некои случаи. Законот за јазици само може да се унапреди, а не може да има враќање назад“, вели Села.

Села рече дека со Заев досега имал една или две средби за референдумот и за уставните измени, а со Мицкоски никогаш немал остварено средба.