Признанијата за одбојкарската репрезентација на Македонија и за нејзиниот капитен Никола Ѓорѓиев во изборот на Агенција за млади и спорт осамнаа на насловната страница на официјалниот вебсајт на Европска одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).
Одличното деби на европските првенства со победите над соорганизаторот Словенија и против Белорусија на најдобрите македонски одбојкари им го донесоа признаието за најдобра национална селекциоја на Македонија во годината што изминува.
Ѓорѓиев, пак, ја прими наградата за посебен придонес во спортот во 2019 година.






