Русковска крие изјава – Кој е човекот од писмото-доказ на Јанева до Јовески?

Освен писмото напишано на рака што Катица Јанева го испратила до Љубомир Јовески, постојат уште две други писма кои “специјалната” ги испратила до државниот обвинител кои откриваат кој стои зад случајот Рекет.



Оваа информација ја објавува порталот инфомакс.мк чиј новинар Александар Митовски имал можност да направи увид во овие писма кои биле испратени до Јовески.

Тој смета дека Катица Јанева била исплашена од некој многу моќен, некој кој може дури и неа да ја стави во затвор во обид да ја замолчи или евентуално да прекине истрага која се водела против него.

“Во воведот на писмото, испратено некаде во месец септември годинава, додека Катица Јанева беше во притвор, таа ургира кај Љубомир Јовевски овој да направи увид во списите кај Вилма Русковска. Зошто? – Бидејќи шефицата на СЈО во тој момент, се сомнева дека нејзината изјава дадена пред обвинителката за Организиран криминал и корупција била сокриена од шефот на ЈО Љубомир Јовевски”, пишува порталот.

Дополнително, Јанева го предупредува Јовевски да отвори очи, и да се заинтересира за истрагите кои во СЈО ги отворила токму таа, а кои содржеле клучни елементи кои ќе го објаснат начинот на нејзиното делување и она што и се случува.

„Ве молам во интерес на Обвинителството (се мисли на ЈО) разгледајте ги сите документи и мојата изјава дадена пред Вилма Русковска. Таа не ве извести за мојата изјава. Во СЈО има истрага која ќе разјасни многу работи во врска со моето дејствување“ – пишува Катица Јанева во писмото испратено до Љубомир Јовевски, напишано во ракопис преку затворската управа на затворот „Скопје“ пренесува инфомакс.мк од каде ги споменуваат тројцата моќници кои што би можеле да бидат опасни за Катица Јанева.

Кои се тие луѓе од информацијата на Infomax.mk