Драгана Колевска која хонорарно работела кај обвинетиот Бојан Јовановски, денеска на продолжението на предметот „Рекет“ сведочеше дека во неговиот дом доаѓале познати личности, меѓу кои и политичари.
„Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот на дневната соба, а дали е купувано не знам, немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија.
Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности, политичари. Еднаш дојде Шекеринска, Катица, еднаш има дојдено Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милевски”, рече сведокот Колевска.
На потпрашање од адвокатот Сашо Дуковски дали со Орце Камчев и Зоран Милевски дошол и министерот Венко Филипче, таа одговори потврдно.
Колевска, за осудениот Зоран Милевски-Кичеец таа кажа дека доаѓал речиси секој ден и се чуствувал како дома.





