Познати се пет нови кандидати за македонски амбасадори во пет дестинации на 4 различни континенти.
Владата веќе одобрила имиња за шефови на амбасадите во Јапонија, Австралија, Австрија, Естонија и Казахстан.
Во Канбера заминува Билјана Стефановска Сековска (следуваат детали за неа)
Горан Цеков во Токио
Освит Росоклија во Виена
Драган Јордановски во Талин
Сали Лимани во Алма Ата
Владата се уште не информирала за новите 5 амбасадори најверојатно поради барањето на опозицијата да не се испраќаат амбасадори пред формирање на техничка влада.
Пред последните парламентарни избори министерот Никола Димитров јавно бараше тогашната власт да не праќа амбасадори пред избори поради недостаток на легитимитет.
На фотографијата Освет Росоклија (десно)





