Потрагата вио Србија по 12-годишната Моника Каримановиќ, која исчезна пред седум дена се уште не даде никакви резултати.
Полицијата во текот на попладневните часови вчера ги пребара сите куќи и колиби во Глоговац и шумите во околината на тоа село, а попладнето го претреа селото Подвис – две места кои се наоѓаат во близина на Орешац, во кои осомничениот киднапер Нинослав Јовановиќ од Малча, попознат како „Малчанскиот бербер“, ја криел малата Моника во ноќта меѓу вторникот и средата.



Претресот продолжи во селото Глоговац, бидејќи ловците пронајдоа стапалки и колиба каде киднаперот престојувал кратко со девојчето.

Осомничениот киднапер Јовановиќ е монструозен педофил кој киднапира девојчиња, им ја сече косата и потоа ги силува.

Тој редовно им ја шиша косата на своите жртви пред силувањето. Отсечена коса била пронајдена завчера во шталата на една куќа, а се претпоставува дека косата и припаѓа на киднапираната Моника.

Две недели пред да биде киднапирана Моника Јовановиќ, според „Блиц“, тој го однел девојчето на фризер , кому му рекол дека е негова ќерка и побарал да и ја скратат косата . Следниот ден, тој се вратил и ги замолил да му ја дадат нејзината коса.

Родителите на исчезнатата девојка му рекоа на Т Први дека имаат се помалку и помалку надеж дека нивната ќерка ќе биде пронајдена разведена и дека тие надежи се смалуваат од ден на ден.