На прашањето, „Дали сметате дека 2020 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2019 година?”, 43 отсто од испитаниците во Македонија изјавиле дека ќе биде подобра, 18 проценти дека ќе биде полоша, а 35 отсто од анкетираните сметаат дека ќе биде иста со 2019 година.
Ова го покажува глобалното истражување на „Галуп Интернешнал Асосиејшн” што во Македонија го спроведе „БРИМА”, членка на „Галуп Интернешнал Асосиејшн” во партнерство во ВИН, на 1.210 испитаници.
Оценка е, како што наведе „БРИМА”, дека во земјава оптимизмот е над светскиот просек.
Во однос на регионот, најоптимистични по тоа прашање се анкетираните од Албанија, а најпесимистични се Србите.





