Ако нема избори на 12 април СДСМ ќе се сооч со граѓаните, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју на ТВ Клан, на прашање дали опозицијата има план Б ако нема избори во договорениот термин.
Ќе има избори на 12 април…Затоа ќе очекуваме да биде сценариото А, рече Мицкоски.
Според него, Заев сака на само две-три седници да помине во парламентот околу триста закони и тоа да му биде изговор дека опозицијата го кочи.
„Тоа се штетни закони. Она што е корисно за граѓаните, каде што ВМРО-ДПМНЕ како опозиција учествувала, ги усогласила позициите со оние на владата и додала вредност, ние ќе го подржиме. Но не можете да манифестирате парламентарно насилие“, порача Мицкоски.





