Мицкоски не исклучува Заев да бара закон за 100 милиони за Вице, Трајче…

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски преку ироничен коментар ја објаснува уцената на премиерот Заев за да се одржат веќе договорените предвремени избори на 12 април.



“Заев може на Влада да помине Закон со којшто на пратениците во парламентот ќе побара 100-тина милиони евра од буџетот да завршат во фирмите на неговото семејство. И тоа да биде услов за одржување на избори. Отприлика такви се законите коишто ги поднесува во парламентот”, пишува Мицкоски за премиерот кој сега условува опозицијата да гласа неколку контроверзни закони како услов за одржување на изборите.