Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даваат целосна едногласна поддршка лидерот Христијан Мицкоски да биде кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, соопшти на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.
Наседницата на Извршниот и Централниот комитет, исто така, едногласно му беше дадена доверба на Мицкоски да ги води разговорите и да ги даде предлозите во однос на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за идни министри, односно заменици или дополнителни министри во техничката влада.
Јанушев информираше дека од партијата го отфрлаат предлогот на премиерот Зорав Заев за „трампа“, како што рече, на кандидат за мандатар за неговиот предлог за изборен модел,
„Треба сега и секогаш да знае дека оваа пазарџиска политика ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа“, рече Јанушев.





