Во скопската населба Ново Лисиче, на булеварот Србија е пуштен тастер за вклучување на зелено светло на семафор на еден од пешачките премини.
„На барање на граѓаните, на семафорите на булеварот Србија, кај Полициската станица, е поставен првиот тастер во Скопје со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин. Целта на оваа активност на Градот Скопје и на компанијата ОКТА е да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој исклучително фреквентен булевар“, објави градоначалникот Петре Шилегов којк сподели и фотографии од настанот на Фејсбук.






