Според информациите од свиркачи кои стигнале до „Вечер“, ќерка на актуелна антикорупционерка без конкурс била испратена во Постојаната мисија Македонија при ЕУ во Брисел.
Неда Дојчиновска ќерка на Софка Пејовска Дојчиновска, која е член Антикорупциската комисија, најпрво била вработена во Секретаријатот за европски прашања, а потоа без конкурс испратена во Брисел, пишува „Вечер“ кој за случајот објавува документи.
Иако подоцна на конкурсот се пријавиле поискусни кандидати со повисоки звања од нејзиното, сепак на 13 декември мандатот како советник во мисијата ѝ бил доделен на Дојчиновска, а одлуката е лично потпишана од министерот за европски прашања Бујар Османи, објави Вечер.мк




