Подобро одете си сами отколку јас да ве избркам била првата реченица со која градоначалникот на Лозово Ацо Велковски ги пречекал дел од вработените на првиот негов работен ден во 2017та, се вели во потресната приказна на Сител.
Оттогаш според телевизијата почнуваат мобингот и казните со кои секојдневно се соочува Снежана Цветковска, која веќе 11 години во општината работи како хигиеничарка и кафекуварка. Нејзината прва дисциплинска постапка и била јасен знак дека тортурата допрва почнува. Снежана прво била казнета зошто ги мие чашите и шољите во општинската кујна, за потоа да биде опомената зошто не се измиени.
Целата сторија на Сител на овој линк





