Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, самоуверен по објавената анкета на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), според која неговата партија води со 1,7 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ не само што ќе победи на изборите. СДСМ ќе згази, заедно со граѓаните ќе ги потврдиме политиките кои носат подобар живот за граѓаните во нашата држава“, порача Костадинов на Фејсбук.





