Поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е разрешен од функцијата судија.
За ваквата одлука на затворена седница гласале 9 члена на Судечкиот совет, а еден бил против, објави Телма повикувајќи се на извори во Советот.
Претходно, Панчевски беше суспендиран поради обвинението за манипулации со АКМИС-системот, кое во јули го поднесе ЈО.





