Панчевски за разрешувањето од судија: Мафијата пуштена на најсилно!

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, со жестока реакција ја проследи одлуката на Судскиот совет да го разреши од функцијата судија.



„МАФИЈАТА ПУШТЕНА НА НАЈСИЛНО!
Како Катица Јанева ја снајдоа многу зла за претресот врз мене на 05.10.2017 година, така и овие бесрамници ќе ги снајдат многу зла во иднина, во тоа сум 100% сигурен зошто му се поклонија на најголемото зло во државава Зоран Заев!

Во постапка во која се прекршени сите закони и правила, без никакви права и доставена покана и без мое произнесување, тајно и подмолно…

Во моментов изгледа убаво и победнички, но времето ќе си го покаже своето…“,порача Панчевски на Фејсбук.