Правата на било кој во оваа земја не треба да зависат од нивната бројност, рече во денешното гостување во „Емисијата 200“ на „Алсат“ претседателот на државата, Стево Пендаровски.
„Албанците и да не се 20%, а не може да бидат помалку, за жал сите се селиме, тоа се приказни дека Албанците сега се под 20%, тргнувајќи од тоа дека ние сѐ уште имаме два милиони жители, а немаме. Мојата политичка декларација ќе биде, а ќе ја побарам и од другите политички партии на власт и опозиција…и да си 3% и да си 5% не ги гледај како бројка, тие права ги имаш и можеме да зборуваме само за подобрување на состојбата и на статусот и твој и мој“, вели Пендаровски.





