Канцелариите на извртшителите утре ќе останат затворени поради штрајкот на извршителите, дознава „Телма“.
Тие се незадоволни од новиот Тарифник кој им го предложила министерката за правда, Рената Дескоска со кој е предвидено максималната награда за извршителот, што може да се наплати од граѓаните се намалува од 1.000 на 300 евра.
„Доколку Министерството за правда пристапи кон измена на Тарифата како што е предложено, без позитивно мислење од Собранието на Комората на извршители, извршителите трајно ќе прекинат со работа сметано од денот на објавата на изменетата Тарифа во Службен весник.“- стои во одлуката на Комората на извршители.
Сите измени кои ги подготвува Правда најверојатно ќе бидат готови до крајот на неделава и по итна постапка ќе одат на усвојување во Собранието, дознава „Телма“.





