Професор од Оксфорд открива која амбасада спречила Силјановска да биде претседателка

Британскиот академик и професор на престижниот универзитет Оксфорд Џејмс Петифер открива која западна амбасада била против изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија.



Според него Силјановска била најдобриот кандидат.

“Најдобриот претседател кој Република Македонија не го доби затоа што амбасадата на САД не ја одобри”, напиша на Твитер професорот Петифер.

Петифер кој е албански лобист најверојатно мисли на информациите дека албанските партии дури и тие во опозиција (Алијанса за Албанците и БЕСА) на два дена пред претседателските избори добиле налог од една западна амбасада да гласаат за Пендаровски иако неговиот пораз ќе значеше итни предвремени парламентарни избори.

Петифер со коментарот го споделува видеото на Силјановска во која таа прашува зошто иако тоа го наведува и Венецијанската комисија во Законот за јазиците освен албанскиот го нема и турскиот, ромскиот, српскиот, бошњачкиот и другите јазици на малите заедници.