Желбата да се пофали со пари на граѓаните кои се трошат во рамки на државниот буџет премиерот Заев ги збуни математичарите кои се соочија со досега невиден и нечуен број.
Заев најпрвин го употреби терминот “милиони милијарди” но откако самиот тој или некој од неговите советници видел дека премиерот продуцира нов гаф овој пат математички грешката е исправена е сега тој се фали само со милијарди денари.
На негова несреќа фејсбук опцијата за историја на уредувањето на постовите не дозволува да биде скриен и овој гаф.
“Собранието го усвои Буџетот за 2020 година! Со овој буџет инвестираме, највисоки досега, 154 МИЛИОНИ МИЛИЈАРДИ денари во човечкиот капитал – во здравството, во образованието, во социјалната грижа.
Со вложување во луѓето и во подобрување на нивната продуктивност, директно придонесуваме кон посилен економски раст и развој.
Ова е трет буџет на оваа Влада, со кој продолжуваме јасно да ги отсликуваме вредностите кои ги негуваме – транспарентност, отвореност и чесност, во интерес на сите граѓани”, напиша најпрво Заев на Фејсбук за подоцна да се корегира и да го избрише зборот милиони.




