Екипата на емисијата КОД на Телма во најновото издание открива дека македонски тајни агенти со лажни пасоши никаде непријавени, шпионирале 10 земји, меѓу нив и членки на НАТО и ЕУ.
За операцијата која се водела по нарачка на трета земја морало да бидат информирани шефот на УБК и министерот Спасовски кој КОД го упатува во јавното обвинителство.
Од таму пак велат дека проверката на пријавите од секторот за внатрешна контрола на МВР за учесник во шпионажата не дала основа за покренување истрага и обвинение.
Неверојатниот молк на обвинителството продолжува дури и по јавно допрениот глас дека УБК односно МВР е дел од противзаконски и против уставна операција на УБК која не смее да работи надвор ниту пак смее да издава лажни патни исправи за своите вработени.
Информациите на КОД во видеото почнуваат на 29 минута.





