Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач на седница на парламентот на ентитетот во Бања Лука, предизвика инцидент напаѓајќи го пратеникот на опозицијата, Драшко Станивуковиќ и го нарече – мајмун.



НПратеникот Станинуковиќ делеше знаменца со логото на НАТО, а министерот Лукач го повика да се обиде да го стори истото и кај него.

„Додека се борев, над глава ми летаа авионите на НАТО. Гледав дали ми пуштат бомби врз глава. Не можеш да внесуваш вакви знамиња. Тогаш си бил мал, но сега треба да знаеш некои работи. Не го прави веќе тоа или ќе завршиш како твоитe знаменциња“, рекол Лукач како што пренесува порталот „Кликс“.

Кога Станивуковиќ му пријде и го праша зошто се заканува, министерот за полиција го удри помладиот колега со шлаканица, на изненадување на сите во салата.

„Седи таму, мајмуне“, му рече потоа Лукач за пратеникот Станивуковиќ.