Џулијани: Сорос ги поставува амбасадорите на САД во Украина


Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, го нападна мултимилијардерот Џорџ Сорос, со тврдење дека  тој ги контролира главните личности во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп и дека неговата левичарска политика го дисквалификува како Евреин.



Сорос не само што ја контролира поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мери Јованович, изјави Џулијани , туку  тој ги инсталираше „сите четири амбасадори“ вклучени во напорите за импичамент на Трамп.

Всушност, вели Џулијани, банкарот на обоените револуции „вработува и агенти на ФБИ“.
Откако репортер му реплицирал дека „звучи лудо“, така да зборува за Сорос, Џулијани се обиде да ги избегне нападите дека е антисемитист.

„Не ми кажувајте дека сум антисемитист ако му се спротивставувам“, предупреди личниот адвокат на претседателот.

„Сорос е одвај Евреин. Јас сум повеќе од Евреин отколку што е Сорос. Веројатно знам повеќе – тој не оди во црква, тој не оди во синагога. Тој не припаѓа на синагогата, тој не го поддржува Израел, тој е непријател на Израел“.