Фрапантно е колку површно, човек како Макрадули, кој постојано се повикува на науката, и за да се приближи до младите дури ѝ се придружува на Грета Тумберг во повикот кон науката, а во презентираните податоци науката ја нема,
По изјавата на заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, дека оваа година имало најмалку загадени денови од претходните, реагираат од „О2 Иницијатива“ фрапирани од аматерските и ненаучните податоци кои ги дава заменикот кој се обидува
„Како е дојдено до презентираните податоци, тоа ќе треба Макрадули и владата да објаснат. Можеби користи база на “тајни научни податоци”, кои не се достапни за обични граѓани на страницата на МЖСПП, бидејќи расположливите податоци се различни од презентираните“,се вели во реакцијата на „О2 иницијатива“.
Наспроти смирувачките
податоци од Макрадули од О2 наведуваат:
„И покрај високите температури и присуство на ветер оваа година, факт е
дека мерната станица Ректорат покажала најниски вредности за РМ10 во 2015, а не
во 2019, исто како и мерната станица Миладиновци.
Факт е дека овој октомври не покажува намалени вредности во однос на октомври 2015 за Гази Баба, Карпош, Ректорат, Миладиновци.
Куманово во октомври 2016 покажува за 33 µg/m3 пониски вредности од октомври оваа година.
Факт е дека во јануари 2010 се измерени далеку пониски вредности за Ректорат, пониски дури за 50%, а за Миладиновци скоро 100% пониски од тие измерени во јануари годинава.
Во споредба со 2019, во јануари 2012 измерени се за скоро 20 µg/m3 пониски вредности за Карпош, во Битола 1 и Битола 2 измерени биле повеќе од дупло пониски вредности во јануари 2010, кога и во Тетово се измерени пониски вредности, а во Кавадарци јануари 2016 дава пониски вредности од јануари 2019.
„Макарадули, Ви помина мандатот во политички изјави и полувистини. За човек кој постојано се повикува на факти и наука, крајно разочарувачки“, велат екологистите од О2.





