Советот на Град Скопје го одби предлог-амандманот на советничката група од опозицијата која побара парите предвидени за новогодишната прослава да бидат пренаменети за хуманитарни цели. наместо 100.000 еврфа да се исплатат на босанскиот пејач Дино Мерлин.
„На овој начин, ние советниците, ќе докажеме дека сумата која што е издвоена за новогодишната прослава, односно 260 илјади евра за новогодишно украсување е реалзирано, меѓутоа сумата од плус 100 илјади евра треба да заврши кај оние на кои најмногу им е потребно“ , рече кординаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Светлана Колариќ.



На ова се спротивставија советниците од СДСМ кои се мнозинство во Советот.