Имало ли уште еден “хибриден напад” врз премиерот Заев (ВИДЕО)

Водел ли премиерот лажен разговор и со екс претседател на Унгарија?



Во интервју за странски медиум премиерот Заев објаснува како дошло во неколку наврати да води разговори со светски познати политичари и други лица кои лажно му се претставувале.

Во одговорот тој објаснува дека бил многу отворен и дека воспоставил протокол преку кој ја фатил лажната Грета Тунберг со која исто така разговарал откако предходно имаше лажни разговори со Петро Порошенко екс претседател на УКРАИНА и со Јенс Столтенберг генерален секретар на НАТО.

Во објаснувањето Заев зборува за лажен разговор со Педро Порошенко иако неговото име е Петро а подоцна вели дека разговарал со поранешен претседател на Унгарија.

Кабинетот на Заев досега не објави дека разговарал со некој од екс претседателите на Унгарија.

Унгарија откако стана демократска држава имала 4 претседатели:

Арпад Генц, Ференц Мадл, Ласло Солум и Пал Шмит.

За кого од двајцата се уште живи освен за Генц и Мадл зборува Заев не е јасно.

Според кабинетот на Заев сите успешни обиди како оние на руските панкери кои со месеци го лажеа дека се Порошенко и Столтенберг ги класифицира како хибридни напади врз владата.

За набљудувачите сепак не се работи за хибриден напад туку само неспособност на кабинетот на Заев да препознае кога некој сака да игра мајтап со премиерот во заминување.

https://twitter.com/DoliTheDoll/status/1209043332095197184?s=19