Второбвинетиот во предметот „ТНТ“,Тони Трајковски, испрати фотографии како доказ дека синоќа бил претепан поради што бил примен во Ургантнбиот центар, аденеска не се појави на закажаното рочиште во Судот.
„Ми се јави дека треба да прави дополнителни прегледи, а треба да прими и вакцина за тетанус, бидејќи бил нападнат со метален предмет“, изјави неговиот адвокат, Јовица Страшевски.
Синоќешниот инцидент бил пријавен во полицијата.
„На 22.12.2019 околу 23,35 часот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив. С е работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.





