Утре Зелен пазар без пазарџии

Тезгите на скопскиот Зелен пазар утре ќе останат празни преку целиот ден поради предупредувачкиот штрајк на пазарџиите.



Тие се револтирани од новиот ценовник на Скопски пазар закуп на тезга и од селективниот пристап кон пазарџиите.

Од Скопски пазар  за Сител посочија дека немаат намера да го менуваат ценовникот, бидејќи е зголемена цената само на дневниот закуп на тезга.

Цената за дневен закуп на тезга е зголемена од  150 на 250 денари. Цените пак за месечен месечен закуп се движат од 2.500 до 7.000 денари во завиност од тоа каде се наоѓа пазарот и самата тезга, велат од Скопски пазар за Сител и додаваат дека немаат намера да го повлечат новиот ценовник.