Речиси две третини од граѓани сметаат дека огласите за вработување во јавната администрација во предизборен период се предизборна манипулација, покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања Скопје објавено во „Детектор“, на ТВ Сител.
Така, 62,6 проценти од граѓаните сметаат дека предизборните вработувања се манипулација а само 14 отсто сметаат дека тоа е реална потреба.
Меѓу младите дури 71,9 проценти од анкетираните на возраст до 30 години сметаат дека огласите за вработување во предизборието се предизборна манипулација додека само 12% имаат спротивен став.





