Како и што најави, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе информација за енормното загадување на воздухот во целата земја и побара од Талат Џафери ова да се стави на дневен ред на утрешната пленарна седница.
На денешната прес-конференција во Владата, заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, се пофали со намалени денови во кои има недозволиво високо ниво на концентрација на ПМ10 честичките и побара „да ѝ се верува на науката“.
Во петокот на протест против енормното аерозагадувањето под паролата „Средношколците сакаат да дишат“ излегоа и скопските средношколци, но не и градоначалникот Петре Шилегов, ниту пак Макрадули.





