Притвор за осомничениот за убиството во Тафталиџе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал наредба за спроведување истражна постапка против осомничено лице кое завчера пукаше и уби едно лице, а рани друго лице.



Настанот се случи за време на семејна расправија во продажен објект во скопската населба Тафталиџе.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​