Нова монета од 50 пени во чест на „Брегзит“

Британската влада ќе пушти во оптек нова монета од 50 пени (околу 0,58 евра) по повод повлекувањето на земјата од членството во ЕУ, закажано за 31 јануари.



Новата кована паричка, изработена од злато, сребро и комбинација на бакар и никел, ќе го носи датумот на „Брегзит“ и пораката „Мир, просперитет и пријателство со сите нации“.

Министерството за финансии на Велика Британија го суспендираше производството на такви монети во октомври, откако „Брегзит“ беше одложен за крајот на јануари.

Одлуката за повторно производство на монетите е донесена по победата на Конзервативната партија на предвремените парламентарни избори.