Турција стартува нов мега-проект – „Истанбулски Канал“

Турскиот претседател Ердоган најави дека ќе биде распишан тендер во наредните неколку недели и ќе започне спроведувањето на проектот „Истанбулски Канал“.
Според Агенцијата Анадолија, „Истанбулскиот Канал“ е еден од најголемите стратешки проекти во Турција со кој се планира да се елиминира растечкиот ризик што го предизвикуваат бродовите, особено танкерите кои поминуваат низ Босфор.
Предвидено е „Каналот“ да биде изграден паралелно со Босфор.
Каналот долг 45 километри ќе биде изграден западно од центарот на градот, од европската страна на покраината Истанбул и треба да го зголеми дневниот капацитет од 160 бродови.
Ердоган најави дека Турција е цврсто посветена да го зголеми својот извоз на 500 милијарди долари…
„Никогаш не сме биле поблизу до целта на голема и моќна Турција“, рече Ердоган.