Писмата кои што Катица Јанева ги испрати од истражниот затвор во Шуто Оризари, а чија содржина се однесуваше на работата и предметите на СЈО, беа напишани рачно, а потоа преку затворската служба беа препратени до Судот, согласно процедурата и куќниот ред на затворот, објасни во синоќешнто интервју на Канал 5 директорот на затворот во Шуто Оризари, Есад Рахиќ.



На прашањето на новинарот Михајловски дали во затворот има нотар, бидејќи многу правни експерти го спореа легитимитетот на тие писма, Рахиќ потврди дека нема.

„На разговор ми кажа „Имам напишано писмо и сакам да ви го предадам“, јас и реков не, ќе го предадеш на дежурниот, дежурниот ќе ми го предаде мене, јас ќе го заверам во архива и ќе оди до судот“ рече Рахиќ.

Овие писма кои Јанева ги испрати од притвор до ЈО и со кои таа дава согласност за преземање на предметите на тогашно СЈО од редовното обвинителство, уште тогаш беа оспорувани. Правниците тврдеа дека овој потег е преседан кој повторно создава правна несигурност и клима на непочитување на законите и институциите.

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/472138093439867/