Група претставници на Албанците по потекло од Македонија наводно го пресретнале македонскиот премиер Зоран Заев кој е во Тирана на средба околу „Малиот Шенгем“ и го предупредиле дека Албанците би можеле да организираат протести во земјата доколку не бидат исполнети нивните барања, пренесе „Танјуг“.
Тие наводно побарале да ги ослободи, како што рекле, сите албански политички затвореници во земјата потсетувајќи го премиерот дека тоа го ветил пред да дојде на власт.
(Макфакс)





