Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е убеден во победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори и фрла се на една карта.
Во емисијата Клик Плус на ТВ 21 Мицкоски најави дека ако по 12 април не успее да направи влада под негово раководство ќе си оди лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски е убеден дека неговата партија убедливо ќе победи на парламентарните избори на 12 април но остава мала можност дека можеби нема да направи влада веројатно мислејки на опцијата Заев и СДСМ со нови концесии за сите албански партии на куп да дојде до 61 пратеник.
Теоретски постои можност доколу сите албански партии одат во коалиција со Зоран Заев, Мицкоски дури и со 60 пратеници да не може да добие мандат за составување влада.
Иако на Алијанса за Албанците и на Беса на претседателските избори им одговараше да не победи кандидатот на СДСМ за претседател, затоа што поразот на Пендаровски ќе значеше предвремени парламентарни избори, тие по налог на странците отидоа заедно со Заев и СДСМ.
Доколку истото сценарио се повтори и во април и Заев дури и со дваесетина пратеници помалку од опозицијата направи влада, Мицкоски би се повлекол од лидерската позиција но би останал да ја помага ВМРО-ДПМНЕ од внатре како член.
Според последните анкети ВМРО – ДПМНЕ може да очекува најмалку десетина пратеници предност во Собранието но тоа не е гаранција дека ќе направи влада.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/589911761824347/?sfnsn=mo&d=n&vh=e





