Грција ја подбуцнува Македонија против Бугарија, смета бугарски историчар

Спас Ташев, историчар и демограф од Бугарска академија на науките (БАН), ја посочи Грција како главен инспиратор на тензиите меѓу Македонија и Бугарија.



„На прво место Грција, на второ Србија, на трето Албанија, поточно дел од албанскиот фактор во Македонија, кој има интерес власта во Скопје да биде слаба и да нема силно бугарско присуство таму. Така албанскиот фактор ќе се засили уште повеќе. На фонот на таа геополитичка конфигурација Бугарија нема своја стратегија за Македонија“, вели Ташев за бугарската информациска агенција Лупа.

„Пред една година беше објавено дека грчкото Министерство за надворешни работи има таен фонд за финансирање на медиумите во Македонија. Изданијата имаа два основни акцента – антибугаризам и антички македонизам. Грција формално го критикуваше, но во исто време, тајно го лансира античкиот македонизам, за да има повод за мешање во Македонија, со што го засилува антибугаризмот“, објаснува тој.

„Во моментов се води медиумска војна во Македонија. Разни сајтови објавуваат какви ли не измислици за Бугарија. се надевавме дека Скопје ќе има добра волја да ги прифати историските факти такви какви што се. Треба конечно да почнеме да создаваме свои информациски канали за да можеме директно да влијаеме на тамошната јавност. Во последните 10-15 години не ми е познато да имаме публикација на странски јазик за македонското прашање. Во исто време Скопје трупа статии на странски јазици за темата и ја запознава светската јавност со својата фалшлива позиција. Ние молчиме и сметаме на комисијата“, заклучува Ташев.