Македонија го дели неславното шесто место во светот според процентот на жители што живеат надвор од родната земја.
Во македонскиот случај станува збор за 22 отсто отселени граѓани, со што Македонија се наоѓа во друштво на Казахстан и на Тринидад и Тобаго, според податоците на „Пју рисрч“ од 2017 година.
На врвот е Босна и Херцеговина со 32 проценти иселени, пред Албанија со 29 отсто, Јамајка и Сирија со по 28 отсто, Ерменија со 26 отсто, а веднаш зад Македонија се Хрватска, Ел Салвадор и Молдавија со по 20 отсто.
Македонската емиграција се зголемила во однос на 2015 година, кога,
според Обединети нации, 21 процент родени во Македонија живееле надвор од нејзините граници, односно 520.000 луѓе.




