Вучиќ непожелен на самитот „Мал Шенген“ во Албанија


Во Тирана денеска се одржува протест против претседателот на Србија Александар Вучиќ кој утре треба да отпатува во Албанија каде треба да учествува на Самитот „Мал шенген“ на 21 декември.
Пред хотелот каде што треба да престојува претседателот на Србија, поставен е транспарент со натпис „Тука доаѓа воен злосторник, да позира како добротвор“.
На самитот треба да учествува и министерот за надворешни работи на ЕУ, Јозеп Борел.



Домаќинот на третата средба за „Мал Шенген“ предвидуваше таа да се одржи во Драч, но заради земјотресот што неодамна ја погоди Албанија, аособено Драч, Самитот ќе се одржи во Тирана.

Иницијативата за отстранување на пречките за поефикасен проток на добра, услуги, луѓе и капитал на Балканот ја покрена претседателот Вучиќ, кој пред два месеци ги собра премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во Нови Сад, а вората средба се одржа во Охрид.