Судијата Огнен Ставрев, кој е на чело на судечкиот совет, им изрече три казни од по 2.000 евра на тројцата адвокати поради непочитување на Судот со денешното непојавување на изрекувањето на пресудата за случајот ТНТ односно уривањето на објектот „Космос“, на Фијат Цаноски.



Четворица од вкупно седум обвинетите денеска во судница се појавија без адвокати.

И покрај тоа што четворица се без адвокати, судското рочиште ќе продолжи денеска. Судот даде пауза од половина час и најави дека ќе им ангажира адвокат по службена должност.