Зошто според Силјановска македонскиот народ е најнесреќен на светот

Професорката Гордана Силјановска ја коментира изјавата на премиерот Заев во која тој тврди дека тој и неговиот мултиетнички народ се најсреќни на светот.



Според неа ситуацијата е сосема различна од тоа што го тврди Заев а причината е токму премиерот.

“Заев, небаре самокрунисан Северномакедонски крал, воскликна: Јас и мојот „мултиетнички народ“ сме среќни луѓе!

Македонскиот народ и јас, сме најнесреќните луѓе со ваков однароден, ненароден, северномакедонизиран милионер, преправен во „социјалдемократски“ премиер”, пишува Силјановска на Твитер.