За денеска ви предлагаме да го подготвите вашиот омилен зеленчук бабури, но на малку поспецифичен начин. Овие бабури се спремаат многу брзо, таман да си ги приготвите во моментите кога немате идеја што да каснете.



Состојки:
– 4 средни бабури
-100 г кашкавал
-2 јајца
-50 г презла
-100 г шунка
-50 мл млеко
-малку сол, црн пипер
-малку магдонос
Подготовка:

Кашкавалот изрендајте го. Ставете го во сад и помешајте го со презлата, јајцата, млекото и ситно исечканата шунка. Ставете сол и црн пипер и некој зачин по ваша желба.
Бабурите пресечете ги на половина, исчистете ги од семка и наполнете ги со подготвената смеса.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Бабурите ставете ги во плех обложен со хартија за печење и печете околу 20 минути.
Откако ќе се испечат одозгора ситно исечкајте магданос за декорација. Добар апетит.