Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски се извини за расистичките коментари за двајца европратеници од Европскиот парламент, пренесува БТВ.



Во ЕП се приоверува изјавата на Џамбаски во која тој вели дека претседателката на парламентарната комисија за транспорт Карима Дели е „Французинка со алжирско потекло“ , а дека Исмаил Ертуг е „Германец со турско потекло“.

Во извинувањето Џамбаски дава симптоматично објаснување:

„Јас сум Бугарин со корени во она што сега е Македонија, Србија и Турција. И, не би се навредил ако некој ме нарече Бугарин од Македонија. Но, бидејќи се почуствувале навредени и бараат извинување, ќе го имаат“.


Претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли може да воведе санкции Џамбаски на што инсистираат навредените пратеници.