Ново и трето по ред, градско јавно претпријатие најавува скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
„Како градоначалник се обидувам да ги вратам имотите што му следуваат на Градот. Овој град порано имал свое станбено претпријатите коешто градело и функционирало на пазарот на недвижности. Откако ќе го решиме прашањето со Дрисла и преземањето на топловодната мрежа, мојот следен приоритет ќе биде да основаме капацитет за станбено домување на Град Скопје“, изјави Шилегов, а со цел да се креираат станбени политики за решавање на децениските проблеми.
Откако е градоначалник на Скопје, Градот формираше две нови јавни претпријатија: Во јуни минатата година беше формирано јавно претпријатие Градски енергетски системи, а во февруари годинава се формира и Јавно претпријатие за хуман третман на бездомните кучиња „Лајка“.





