Специјалното јавно обвинителство остана без пари за следната година, откако со амандман во Собранието парите за оваа институција беа пренаменети за изборите 2020 година.
„Со загриженост и неверување ја примивме информацијата дека на седница на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република С. едногласно е изгласан амандман на буџетот на државата за 2020 година со кој финансиските средства предвидени за СЈО се пренаменуваат за друг буџетски корисник, поточно за спроведување на предвремените парламентарни избори“, се вели во реакцијата од СЈО.
Велат дека се работи за флагрантно прекршување на законот, што повлекува и кривична одговорност.
Ако се одземаат сите средства наменети за намирување на тековните обврски на ова Јавно обвинителство, во отсуство на одговорно лице, се поставува прашањето како ќе се сервисираат обврските до истекот на законскиот мандат на оваа институција и каква порака се испраќа до професионалците кои одлучиле да се борат против високата корупција, велат од СЈО.




