Евакуација и паника во скопско средно училиште

Сите вработени и учениците утринава во панична ситуација се изведени надвор од скопското средно уметничко училиште „Лазар Личеновски“.



Сите се наоѓаат надвор од објектот, а пред училиштето се наоѓаат екипи на полицијата, кои не дозволуваат пристап до училишната зграда.

На социјалните мрежи има повеќе шпекулации зошто е евакуаирано училиштето но засега нема официјални информации кои се причините за евакуацијата.