Панговски по смртната казна за Мушараф за велепредавство: Заев, Димитров, Шекеринска се слушаме?

Македонскиот активист од САД, Гоце Панговски, им се обрати на премиерот во заминување Зоран Заев, на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и на шефот на дипломатијата Никола Димитров по смртната казна за бившиот пакистански претседател Первез Мушараф.



„Поранешен претседател осуден на ‘смртна казна за велепредавство и суспензија на устав’

Зоран Заев Никола Димитров – Nikola Dimitrov Radmila Sekerinska се слушаме?

СМРТНА КАЗНА ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО И СУСПЕНЗИЈА НА УСТАВ!!“, објави Панговски на социјалните мрежи.

Врховниот суд на Пакистан ја потврди пресудата на понискиот суд, со која некогашниот генерал Мушараф, кој беше претседател на азиската држава од 2001 до 2008 година, е осуден на смрт во отсуство за суспензијата на Уставот во 2007 година за да остане на власт.