Поранешна советничка во амбасадата во Италија, за која постојат индиции дека е директно одговорна за судски спор и штета од околу 250.000 евра, е предложена од МНР за амбасадор во Ватикан.



Поради тоа, сметките на амбасадата се блокирани десетина години, дознава „Канал 5„.

Причина за блокадата е тужба покрената во 2004 година од поранешна секретарка во амбасадата која била ангажирана како локален работник,  со договор на дело, а потоа избркана од работа.

Италијанскиот суд досудил дека за ова Република Македонија треба да плати околу 250.000 евра.

Меѓутоа тоа не се случило, па сметката била блокирана во 2009 година, со правосилна пресуда.

Повеќе на Канал 5